ТРАМП: ГО УБИВМЕ СОЛЕЈМАНИ ЗА ДА СПРЕЧИМЕ ВОЈНА СО ИРАН, ТОА ОДАМНА ТРЕБАШЕ ДА ГО НАПРАВИМЕ
Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека американскиот воздушен напад во којшто загина иранскиот генерал Касем Солејмани е наменет да спречи војна со Иран, а не за да ја започне, пренесува Скај њуз.
Американскиот претседател рече дека Касем Солејмани планирал „злобни напади врз американски дипломати и војска“ пред да умре во близина на аеродромот во Багдад.
„Она што го направија САД требаше да се направи одамна, многу животи ќе беа спасени“, додава Трамп.

