|

АВСТРИСКИТЕ И ГЕРМАНСКИТЕ ДЕСНИЧАРИ ЈА ПРОДЛАБОЧУВААТ СОРАБОТКАТА

Херберт Кикл, генерален секретар и главен стратег на десничарскaта Партија на слободата на Австрија, се сретна со раководството на „Алтернатива за Германија“ во Берлин, пренесува порталот Еурактив

На заедничката прес-конференција по разговорите, почесниот лидер на АЗГ, Александар Гауланд, потврди дека ПСА е најблиската партија на германските десничари „во однос на културата, политиката и јазикот“, објави новинската агенција ФОКУС.

Австриските и германските десничари не открија детали како ќе изгледа нивната соработка, но Гоуланд рече дека таа ќе се врти околу миграцијата и политиките за азил, како и заштитата на границите. Кикл го критикуваше Хорст Сехофер, германскиот министер за внатрешни работи, за недоволната заштита на границите.

Слични Објави