ЛОВОЧУВАР ЗАСТРЕЛАЛ ЖИТЕЛ НА МАКЕДОНСКИ БРОД ПОРАДИ НЕВНИМАНИЕ

//

Жител на Македонски Брод вчера е повреден од огнено оружје во одгледувалиште на диви свињи во атарот на с. Грешница.

Според соопштението од полицијата, С.П.(63) бил повреден од Т.Т.(50) ловочувар од Македонски Брод кој поради невнимание истрелал куршум од пушка.

Повредениот бил пренесен во здравствениот дом во Македоснки Брод каде што му е укажана помош.



Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Македонски Брод и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна статија

ИТАЛИЈАНЦИТЕ СО СИЛНИ КРИТИКИ: НЕСТОРОВСКИ, КАДЕ ИСЧЕЗНА?

Следна статија

АВСТРИСКИТЕ И ГЕРМАНСКИТЕ ДЕСНИЧАРИ ЈА ПРОДЛАБОЧУВААТ СОРАБОТКАТА

Најново од Вести