ФИЛИПЧЕ: ДИРЕКТОРКАТА НА КЛИНИКАТА ЗА КОЖНИ БОЛЕСТИ Е ПОЗИТИВНА НА КОРОНАВИРУС
Министерот за здравство Венко Филипче ги потврди информациите на Фокус дека директорката на скопската Клиника за кожни болести е позитивна на коронавирусот.
Таа се вратила од Италија, каде што во моментот е жариштето на корона вирусот.
Министерот Филипче изјави дека добро во случајот е што директорката немала ден во амбуланта и немала директен контакт со пациенти.
Филипче уште еднаш повика ситуацијата со коронавирусот да се сфати сериозно.

