ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА СЈО И ВО ВОНРЕДНА СОСТОЈБА
Кој лаже, кој краде, абре торлаци едни, ве гледаме како секојдневно сте „загрижени” со мерките за штедење, со плановите за заем од ММФ, Светска Банка, финансиска помош од ЕУ, слушаме за милиони, милијарди и сѐ со цел за доброто на граѓаните. Абе вие не знаете да ги напишете тие цифри исто како што ги мешате кога ги изговарате, но сепак добри сте во она по што сте познати… местени тендери, проневери, сомнителни увози и извози, кубење на денар плус па макар да бил и еден… со еден збор ДАЛАВЕРА. Тешко на таа земја каде во речникот го имаат овој збор, но зошто сега, зошто во овие моменти? Ајде сега обвинетесе самите затоа што оваа Влада е заедничка и сѐ што правите е заедничко. СДСМ, ДПМНЕ и ДУИ со своите коалициони партнери успешно се договорија во време на економски мерки, скратувања и штедења (САМО НЕ ЗНАМ НА ШТО) да му ги исплатат во целост заостанатите плати на СЈО кои „заслужено” си ги одработија и после ова уште појасно е дека нема да ги видиме главните виновници од нивните предмети како ја добиваат заслужената казна и надежта дека ќе сврти бројчаникот кој по се изгледа зарѓал некаде низ гаражата на тој кој го ветуваше… Пазете само да не ја заборавите и Катица, греота е без пари да го оставите чупето, а згора на се можеби и ќе ја осудите некој убав сончев ден.
Ако е се во ред зошто оваа одлука не ја објавивте на официјалната страна на Владата, зошто го премолчивте на пресот или доволно е да помине само во Службен весник? Можеби со вакви укази ќе си го покривате сите трошоци за пијалоци, семки, кикири, вечери и „оправдани” расходи. Сепак најдовте начин да ги обезбедите децата на функционерите на кои ќе му дадете минималец и нема да можат да си ги прехранат. Ајде бидете така хуманитарни и добронамерни па во вашите мерки додадете ги пола од месечните добивки од вашите фирми за да биде фер со предложените минималци за обичните граѓани. Од вас доволно ќе биде да ги обезбедите и барем малку да ги зголемите државните резерви од основните прехрамбени производи наместо слободниот извоз, сепак следи тежок период, а СЈО… тоа е нешто сосема друго.
Автор: Благојче Трајковски, претседател на ГДУ-Битола
