| |

МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ШТО КАЖУВА ДАЛИ СТЕ ИМАЛЕ КОНТАКТ СО ЗАБОЛЕН ОД КОВИД-19

Преку телефонска апликација ќе се открива дали сте биле во контат со носител на коронавирусот. Оваа апликација ќе биде достапна за граѓаните утре или задутре вели за Алсат миниистерот за инфоматичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, јавува АлсатМ.

Моментално се работи на нејзиниот финален дизајн. Апликацијата ќе биде достапна за „Андроид“ и „АјОс“ корисниците, а по инсталцијата ќе треба потојано да ви биде вклучен „блутутот“ на телефонот за да ги имате реалните инфомации. На секој корисник од апликацијата по автоматизам ќе му биде доелен број. Инфомациите за на корисници на апликацијата ќе стојат 14 дена.

„Кога нашите мобилни телефони ќе дојдат во близина во радиус од најверојатно три метри тоа е тоа што го бараат или два, ова се детали кои денеска ќе ги решиме, нашиот мобилен уреден ќе ги регистрира и ќе ги зачува овие апликациски броиеви на телефоните коишто биле поблиску во радиус два или три метри од нас. И овие податоци ќе се чуваат само на нашиот мобилен телефон. Ќе ги нема на друго место. Никој ќе нема пристап до овие информации“, изјави Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација.

Ако има некој кој е заболен на Ковид – 19, тогаш преку апликацијата ќе добие порака од Министерството за здравство за да ги даде податоците во здравство, за да бидат контактирани оние лица со кои новозаразениот се разминал или комуницирал. Министерот Манчевски уверува дека апликацијата нема да ги следи граѓани, ниту ќе ги користи нивните лични податоци. Тој апелира постојано да се полни батериите на телефоните, бидејќи ако се исклучи апаратот, нема да бидат веродостојни податоците.

„Ако не ја симнат доволно голем број на граѓани, нема да има ефект. И затоа, ние бевме исправени пред две можности. Едно е дека може да донесеме уредба, да ставиме геолокација да го следиме движењето на сите граѓани, и тоа постои некаде во некои земји и се разгледува. Ние не се решивме за тоа. Но, затоа мора секој од нас да покаже минимум волја да сака да помогне. И мислам ова е тоа. Едноставно симнување на една апликација по сопствена волја“, додава Манчевски.

Со оваа апликација треба да им се олесни работата на епидемиолозите. Тие досега новозаболените од коронавирусот ги прашуваа за нивното движење изминатите 14 дена, а сега тоа за нив ќе го прави и апликацијата.



Слични Објави