МАЛЕСКИ: АКО ПРОБЛЕМОТ СО ГРЦИЈА ГО ИЗМИСЛИВМЕ НИЕ, ПРОБЛЕМОТ СО БУГАРИЈА ЗА МИНАТОТО НЕ Е ИЗМИСЛЕН ТУКУ РЕАЛЕН
„Македонскиот јазик е клучен и нераскинлив елемент на нашиот национален идентитет, вели шефот на македонската дипломатија на условувањата од Бугарија да не се употребува изразот „македонски јазик“, ако сакаме датум за почеток на предговорите со ЕУ. Изјавата ме потсети дека истото тоа го велеа безмалку сите наши политичари пред триесетина години во однос на името на државата. Имено, дека името е клучниот и нераскинливиот елемент на нашиот идентитет. По три децении, проблемот се реши како што се реши. Дали следува реприза, овој пат со Бугарија? Да, во смисла дека нема да биде лесно. Во некоја рака ќе биде потешко зашто проблемот со Бугарија е многу покомлициран од оној со Грција. Кога се работи за историјата, во македонско-грчките односи не постоеше вистински идентитетски проблем туку ние го измисливме и го посадивме на плоштадот во Скопје, додека со Бугарите е поинаку. Проблемите со минатото не се измислени туку се реални“ – пишува поранешниот шеф на македонската дипломатија и универзитетски професор Денко Малески, во колумна насловена „Што бара Бугарија од нас“ објавена во Инбокс 7.
„Имено, премногу е од нас да се бара ревизија на нашата сегашност заради минатото на кое ниту сме влијаеле ниту можеме да го промениме“, додава професорот Малески.
