|

ВРВОТ НА МВР ИМ ОДДАДЕ ПОЧИТ НА ЗАГИНАТИТЕ БРАНИТЕЛИ КАЈ ВЕЈЦЕ

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, заедно со дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Славјанка Петровска и директорот на Бирото за јавна безбедниост Сашо Тасевски, придружувани од претставници на други организациони единици на МВР, денеска во Битола, пред споменикот „Ангел“ (кај Градскиот часовник) како и во кругот на СВР Битола, со положување на цвеќе ја одбележаа 19 годишнината од херојската смрт на четворицата припадници на Посебната единица при СВР Битола – Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски, како и на четворицата припадници на армиската единица „Волци“ – Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Игор Крстевски и Миле Јаневски, кои што ги положија своите животи во одбрана на татковината на денешен ден во 2001 година кај тетовското село Вејце, соопшти МВР, пренесува Плусинфо.



Слични Објави