КОЈ ЌЕ ЈА ФОРМИРА НОВАТА ВЛАДА?
Да разјасниме неколку работи и да направиме разлика што е патриот, а што профитер!
Да почнеме со ред. На каква карта игра ДПМНЕ денес? Нормално патриотска т.е профитерска. Зошто велам профитерска ајде разберете сами.
Како прво сонцето од Кутлеш е официјално знаме на Македонија од 1992 до 1995 и по самата промена ДПМНЕ ветува дека ќе го врати и удира на национална база на изборите. Од 95-та до денес има 25 години! 25 години во кои ДПМНЕ имало доволно време и доволно пратеници да го врати, но прашање е дали сакале? Нормално ако сакале ќе го врателе, но 25 години не најдоа време. Кога сме веќе кај старото знаме односно 16 кракото сонце од Кутлеш зарем не беше и на грбот од партијата? Зарем ДПМНЕ сами го променаа? Или и тогаш некој брусеше? Лицемерно и дволично е ДПМНЕ да зборува за старото знаме, бидејќи единствениот аргумент кој го имаат е дека не го променале тие.
Како второ, потпишувањето на Преспанскиот договор и промената на името. Зарем ДПМНЕ не беше против Преспанскиот договор? Зарем не викаше дека тоа е предавство? Како после потпишувањето си легнаа на брашното и глатко го прифатија? Зошто денес не го ни спомнуваат? Ако добро се сеќаваме веќе се адаптираа и го прифатија. Ако не е така зошто им потврдија на сите странци дека ќе го почитуваат? Толку ли беше од патриотизмот? Толку од предавството? Или и тоа ќе го вратите како името? Истата тактика секогаш! Плукање напаѓање и адаптирање. Тука беше и спорниот т.е неуспешен референдум и промената на името. Што направи ДПМНЕ да го спречи тоа дејствие? Што презеде ДПМНЕ за да не се случи тоа? Одговорот го знаеме сите, а богами и Мицкоски сам си кажа зошто ќутел, но сега знаеме и зошто.
Како трето, Северна беше неуставна и нелигитимна нели? По сите постапки на ДПМНЕ не делува тоа така. Зарем не го бојкотираше ДПМНЕ референдумот? А што беше всушност референдумот? Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција? Зошто тогаш ДПМНЕ гласаше за влез на СЕВЕРНА во НАТО? Чекајте, нели бевме против СЕВЕРНА? Или за НАТО може? Па нели е исто прашањето и гласањето? Кој манипулира и кој е патриот овде? Пак истата финта? Прво плукаш,па напаѓаш и на крај се адаптираш. Чисто да потсетиме дека еден од најголемите патриоти и најомилени ликови Влатко Ѓорчев гласаше за преименување на Армијата на РМ во Армија на СЕВЕРНА РМ. Замислете најголемиот патриот на ДПМНЕ, па нели против тоа се бореа? Искрено верувам дека и самите не знаат во кој момент кој лик се. Ова е блага шизофренија.
Како четврто, Договорот за добрососедство со Бугарија. Повторно истиот став како и предходно. Против Договорот и осуда за продавањето на историјата. Повеќето од вас знаете дека ДПМНЕ уште во 1999 потпиша Декларација за добрососедство со Бугарија и прва ја покрена оваа разрешница, сепак бидејќи не се тие во фокусот, повторно истата стратегија плукање, па напаѓање и на крај и на ова ќе се адаптираат, впрочем таква е традицијата која ги прогонува. Договорот е потпишан и треба да се спроведе и тоа ќе го направи следната влада која и да била. Ако тоа биде СДСМ сигурно ќе го спроведе, ако пак тоа биде ДПМНЕ и тие истото ќе го сторат, во спротивно нема да создадат влада и да бидат власт. Зошто го тврдам тоа? Па едноставно ДПМНЕ нема сила сами да креираат влада, а поради тоа и реалната бројка во мандати би им била околу 50 пратеници, дури и по психолошката битка која моментално ја губат од СДСМ може и под 50 да падне бројот на пратеници. Што значи дека единствен спас е ДУИ да има предобар скор за да ги спаси од бездната, а ДУИ како и секогаш има услови со дебели корици и приоритет ќе им биде баш договорот со Бугарија за да може да се отпочнат преговорите со ЕУ. Па приридно доаѓа ако ДПМНЕ формира влада дека ќе биде приморана од ДУИ да го спроведе договорот или да почека уште 4 години СДСМ да го стори тоа и да има комотен мандат. Впрочем свесни сте и самите како Мицкоски и другите патриоти од ДПМНЕ одат на „баци рака“ кај Бојко Борисов и користат предобри зборови за да го насмеат Бојко. Епа драги патриоти, вашите омилени ликови одамна рекле „сичко се намирава и ште поткрепаме“, а вие продолжете да верувате во нивните лажни патки и веќе истрошени тактики.
П.С. Македонскиот јазик не може никој да го спори! Македонскиот јазик постои и е реалност! Признаен е во цел свет и воедно во Договорот за добрососедство никаде не е спорен, дури и се користи за потпишување на истиот договор. Така да без паника околу тој дел.
Автор: Даниел Јорданоски, носител на ИЕ5 – Граѓанско Демократска Унија
