ЗАТВОРЕНА УШТЕ ЕДНА КОНФЕКЦИЈА ВО ШТИП
Затворена е уште една конфекција во Штип со 250 вработени каде е потврдено дека има заболен од ковид 19 и сите вработени ќе бидат тестирани, ијави штипскиот градоначалник Благој Бочварски по состанокот на Општинскиот штаб за заштита и спасување, јавува Плусинфо.
„Вработените во шестте конфекции задолжително треба да останат дома во самоизолација да ги почитуваат мерките и да го заштитат своето и здравјето на граѓаните“рече Бочварски.
Потсетуваме дека Граѓанско Демократската Унија веќе неколку пати повикуваше на пуштање во платен колективен одмор сите вработени во текстилната и другите преработувачки индустрии во Штип, со цел градот да не се претвори во жариште на Ковид-19.

