ПЕТАР КОЛЕВ: МАКЕДОНИЈА ПОМИНАЛА МНОГУ, ЌЕ ГО ПОМИНЕ И ОВА!
„Неспособноста, селективноста и деструктивностa се од една страна, а ние граѓаните од друга, со јасна желба да се преброиме со ова зло.
Почитувани сограѓани, знам дека не е лесно, знам дека овие рестриктивни мерки не иритираат, но нема поважно од здравјето и човечкиот живот. Ајде Македонијо барем еднаш да се обединиме и да се справиме со кризата.
Популизмот, деструктивностa и политиканството нека им служи на чест на тие што го промовираат, граѓаните се свесни и ќе ја добиете заслужената казна заради неспособноста“, напиша на својата официјална facebook страна, Петар Колев, претседател на ГДУ.
