|

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ДЕНЕСКА ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА СЛЕДНИТЕ ЧЕКОРИ ПО КАРАНТИНОТ

Комисијата за заразни болести денеска треба да одржи состанок на кој ќе бидат разгледани следните чекори во однос на рестрикциите.

Денеска е последниот ден во кој граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце ќе бидат во карантин. Забраната за движење завршува утре во 5 часот наутро.

Во сите останати градови граѓаните и денеска можат да се движат до 16 часот. Забранета е посета на гробиштата на целата територија на државата до утре до 5 часот наутро.



Слични Објави