КОЛЕВ: ГДУ ЌЕ СЕ ЗАЛАГА ЗА РЕШАВАЊЕ НА НАЈТЕШКИТЕ ПРОБЛЕМИ НА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА ОРИЗ ВО КОЧАНСКИОТ РЕГИОН
„Произведувачите на ориз во Кочани и регионот веќе 15-тина години, имаат проблем со водоснабдувањето. Колку пати ги излажаа овие луѓе за откупната цена на оризот? Треба да се инвестира во систем за наводнување, што ќе им овозможи на земјоделците поголема продукција. За жал ниту еден пратеник од овој регион не ги покренал тие прашања. ГДУ ќе го отвори тоа прашање во составот на новиот парламент и во комисијата за земјоделие“, напиша на facebook претседателот на ГДУ Петар Колев.
Колев во емисијата „168 Анализи и коментари“ на ТВ Стар, изјави дека неговата партија ќе се залага за решавање на најболните проблеми на произведувачите на ориз во Кочани и кочанско. Што точно кажа Колев погледнете во видеото што следи:

