ПЕТАР КОЛЕВ СО ЧЕСТИТКА ЗА КУРБАН БАЈРАМ
Претседателот на партијата Граѓанско Демократска Унија-ГДУ, Петар Колев преку својата официјална facebook страна ги поздрави верниците од исламска вероисповед по повод големиот празник Курбан Бајрам.
„Од мое лично име и од името на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ на граѓаните од исламска вероисповест им го честитам големиот празник Курбан Бајрам.
Ви посакувам многу здравје, среќа и бериќет. Принципот на соживот, толеранција и пријателство е карактеристичен за нашето општество. Да продолжиме со добрата мисла, со меѓусебното почитување и разбирање и заеднички да работиме за просперитетот на нашето општество и земја. Честит празник!“- напиша Колев на својата facebook страна.
