И ти си VIP со: Даниел Стоилков
Кој сте Вие?
Јас сум Даниел Стоилков од Штип ,пријателите ме опишуват како премногу искрен и амбициозен , работам како обезбедување, а во меѓувреме сум вонреден студнт на фалкутетот за Дективи и Безбедност , во блиска иднина имам во план да завршам и фалкутет за бизнис и менаџмент
Вие сте најмоќниот човек во државата, што биле промениле во неа?
Би го подобрил животниот стандард на луѓето. Би ја направил минималната плата 60.000 денари, така би ѓи задржал младите во земјава. Така би се зголемил и наталитетот кој за жал секојдневно отпаѓа. Би вовел закон за потекло на имот да се види кој и како од осамостујувањето до денес го стекнал својот имот и се што е незаконски стекнато, ќе се врати во државна сопственост
Вашата омилена мисла е…?
Мрзеливите луѓе и губитниците, секогаш барат причина и изговор а амбициозните и победниците секогаш пронаоѓат начин како да завршат одредена работа.
Кои се трите предмети што ќе ги земете со Вас на пуст остров?
Јаже,секира и термос.
Која е личноста на која најмногу и се восхитувате и зошто?
Се восхитувам на светски докажаните спортисти, кои промовирајќи се во одреден спорт придонесуват за својата земја и ја преставуват во најдобро светло.
Дали се научивте да учите од туѓите грешки?
Бидејќи сум личност која ретко греши, ги користам грешките на моите пријатели како лекција
Што е првото нешто на што ќе го/ги научи/вте или ќе го/ ќе ги научите вашето/вашите деца?
Моите деца би ги научил да прават добрини и никогаш да не ги делат луѓето според нивните примања или религиозна определба.
Која е последната книга што ја прочитавте?
„ Умешноста во Љубовта “ од Ерих Фром
Накратко авторот преку ова книга сака да го убери читателот дека сите негови настојувања околу љубовта сигурно ќе пропаднат ако најактивно не се обиде да ја развие целокупната негова личност. Да не ја раскажувам книгава одвојте врме и ја прочитајте, добра книга е.
Што може да Ве натера да се насмеете?
Секогаш ме насмејува детската радост дури и во моменти кога едноставно не ми е денот, насмевка на мало детенце ми го променува расположението.
А да Ве натажи?
Ме натажува кога гледам како за непотребни глупости од типот на Скопје 2014 и слично се трошат милиони евра народни пари додека нашите граѓани очајно молат за помош, поради разни причини, а државата со прст не помрднува за нив.
Каде се гледате по 10 години?
По десет години себеси се гледам како Преседател на Република Македонија- мала шега. По дест години реално себеси се гледам како еден од најуспешните луѓе во Република Македонија кој преку својот бизнис би придонел за развојот на мојата земја.
