| |

ЏАФЕРИ СЕ ИСКАРА СО ИГОР ЈАНУШЕВ

Собранискиот спикер Талат Џафери жестоко се искара со пратеникот Игор Јанушев, заради навредливиот вокабулар користен од собраниската говорница.

„Во кој парламент има тепање и лупање на маса? Е па ај да се степаме тука сите? Не ме опоменувајте мене. Колегијално, не ми дофрлувај додека зборам Игоре“ – остро му се обрати Џафери на Јанушев.

Џафери додаде дека пратениците се наоѓаат во собрание, а не на партиска конференција и ги потсети дека веќе не се во кампања.

Слични Објави