Воено-историска реконструкција „Хероите на Горна Џумаја“ во Благоевград
Благоевград ќе биде домаќин на голема воено-историска реконструкција под наслов „Хероите на Горна Џумаја“. Настанот ќе се одржи на 5 октомври од 12:00 часот во паркот Бачиново, како дел од официјалната програма по повод Денот на градот, јавува преку својата страница во социјалната мрежа Facebook Регионалниот историски музеј во Благоевград.
Реконструкцијата ќе ја прикаже битката за Горна Џумаја од 28 јуни 1913 година,за време на Меѓусојузничката војна што оставила длабока трага во локалната и националната историја. Десетици учесници облечени во автентични униформи и вооружени со реплики од тоа време ќе ја оживеат драматичната сцена на бојното поле.

Организаторите истакнуваат дека преку ваквите настани се зачувува колективната меморија и се потсетува на духот и саможртвата на хероите, чиј придонес е темел на слободата и идентитетот на народот.
Настанот се очекува да привлече голем број посетители и љубители на историјата, кои ќе имаат ретка можност да бидат сведоци на спектакуларна реконструкција исполнета со емоции, патриотизам и почит кон минатото.
