ПРИВЕДЕНИ 26 ТАНЧЕРКИ КОИ РАБОТЕЛЕ ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ ВО ТЕТОВО
При акциска контрола од полициски службеници од СВР Тетово, синоќа во период од 22:30 до 02:00 часот, во угостителски објект покрај автопатот на стариот пат Тетово – Скопје биле затекнати 26 женски лица кои работеле како танчерки. Како што соопшти МВР, тие биле приведени.
Две од нив се државјанки на Македонија, а 24 странски државјанки, тоа пет од Русија, седум од Украина, седум од Албанија, три од Србија и по една од Молдавија и Босна и Херцеговина.

