Кремљ: Потребен е долгорочен мир, но во моментов „нема шанси“ за разговори

/

Од Кремљ пристигна одговор на коментарите на американските претставници. Имено, Русија тврди дека е потребен фер и долгорочен мир, но дека во моментов, сепак, „нема шанси“ за разговори.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен вчера предупреди дека постои можност Русија да бара начин да се повлече од Украина без да преговара за траен мировен договор.

Блинкен верува дека Москва би можела да бара краткотрајна пауза за одмор, закрепнување, прегрупирање и повторно напад на Украина.

„Една од работите што можете да ја замислите е дека Русите се обидуваат да најдат излез. Се додека Русија не покаже дека е заинтересирана за значајна дипломатија, нема да има напредок. Она што треба да го видиме е праведен и траен мир, а не лажен мир“, рече Блинкен, пренесува Скај њуз.

Извор: zoom.mk



Претходна статија

(Видео) Со боксови нападнат Сали Бериша на протестот во Тирана

Следна статија

Алијанса за Албанците: Црната листа на САД треба да ги содржи имињата на политичарите инволвирани во „Маѓар Телеком“

Најново од Вести