Алијанса за Албанците: Црната листа на САД треба да ги содржи имињата на политичарите инволвирани во „Маѓар Телеком“

/

Алијанса за Албанците го поздравува интензивирањето на американската борба против корупцијата во Западен Балкан и особено во РСМ, откако американската амбасадорка во македонија Анџела Агелер на Твитер објави дека тим за санкции од Вашингтон пристигна во земјава и поагресивно ќе истражува корупција кај бивши и сегашни функционери.

-Денешната мисија ја покажува решеноста на американската администрација да ја отстрани оваа чума што го поткопува развојот на нашите држави и иднината на нашата младина во земјава. Вметнувањето на Груевски и Мијалков во американскиот список за санкции беше констатација за фактичката состојба на терен, бидејќи против нив има правосилни решенија за корупциски дела – велат од АА.

Од партијата додаваат дека очекуваат на листата да се додадат и други корумпирани актери коишто се сеуште политички активни и недопирливи за правдата во државата, бидејќи токму тие ги контролираат судиите и обвинителите.

-За почеток, новата листа логично треба да ги содржи имињата на политичарите инволвирани во случајот „Маѓар Телеком“ прот ив кои Комисијата на американската берза донесе полноправно кривично решение – велат од Алијанса за Албанците.

Извор: Слободен печат



Претходна статија

Кремљ: Потребен е долгорочен мир, но во моментов „нема шанси“ за разговори

Следна статија

Извештај на ХКЧП: Корупцијата во Идризово царува, а затворениците живеат во супстандардни услови во мувла и влага

Најново од Вести