КОЛЕВ: АКО Е ВИСТИНА ДЕКА САМО 1 % ОД МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЈА СМЕТААТ БУГАРИЈА ЗА ПРИЈАТЕЛ, ОЧЕКУВАМ РЕДИЦИ ОД МАКЕДОНЦИ КОИ ЌЕ ГИ ВРАЌААТ СВОИТЕ БУГАРСКИ ДОКУМЕНТИ
„Ако навистина овие податоци се точни иако останувам со сомнежот за можна манипулација тогаш остануваат само два логични потези:
1. Раскинување на Договорот за добрососедство, кое очекувам неговите противници да го направат преку инициран референдум со 150 000 потписи, кои не би било тешко да се соберат доколку навистина само 1% од граѓаните ја сметаат Бугарија за пријателска земја.
2. Очекувам долги редици од Македонци пред амбасадата на Р. Бугарија во Скопје кои во знак на непријателството масовно ги враќаат своите бугарски државјанства и документи. Очекувам долгите редици да бидат предводени од политичарите кои веруваат дека непријателството и омразата се иднината, а после нив и серија новинари кои се гласноговорници на истото.Со огромно нетрпение ги очекувам споменатите настани, доколку оваа анкета е вистина“, напиша претседателот на ГДУ, Петар Колев, како коментар за наводна анкета според која само 1 % од македонските граѓани ја сметаат Бугарија за пријателска земја.
