МАКЕДОНИЈА, АЛБАНИЈА И ЦРНА ГОРА ЌЕ ДОБИЈАТ РЕСПИРАТОРНИ МАШИНИ ОД НАТО
До крајот на овој или следниот месец, Македонија ќе добие респираторни машини од НАТО, како помош во борбата против коронавирусот, соопшти Северноатлантскиот сојуз.
„Во текот на октомври и ноември, сојузниците на НАТО, Албанија, Црна Гора и Северна Македонија, ќе добијат десетици респираторни машини и вкупно околу 1,5 милион евра медицински материјали од фондот за одговор на пандемијата. Toa следуваше откако трите земји побараа помош од Евро-атлантскиот центар за координација и одговор на катастрофи на НАТО (EADRCC)“, се вели во соопштението, објавено од подгоричкиот весник „Вијести“.
