|

ДУШКО МЛЕКАРОТ СПРОВЕДЕН ВО ЗАТВОРОТ ВО ПРИЛЕП

Битолчанецот Душко Илиевски кој е познат во јавноста како Душко Млекарот е екстрадиран од Германија во Македонија.

Од МВР велат дека Илиевски е спроведен во затворот во Прилеп за издржување на затворска казна од 1,6 години, јавува Фокус.

Тој бил баран со меѓународна потерница откако се преселил да живее во Германија со семејството каде доби политички азил.

Илиевски бил осуден за учество во толпа и напад на службени лица за време на протестите на „Шарената револуција“.



Слични Објави