(ВИДЕО) КОВАЧЕВ: НОРМАЛНО Е ДА БАРАМЕ АНТИБУГАРСКАТА РЕТОРИКА ВО МАКЕДОНИЈА ДА ЗАПРЕ
„Во однос на Република Македонија, верувам дека не е европски да се поддржуваат манипулациите и лагите. Ние мора да ја надминеме омразата што беше изградена за време на тоталитарниот режим. Нормално е да се бара да се надмине антибугарската реторика, особено во последните неколку недели. Тие треба да имаат храброст да го сторат ова, не затоа што тоа е бугарска позиција, туку затоа што одговара на историската вистина“, рече Ковачев за БТВ.
Според Ковачев, надворешните фактори како што се Белград и Москва, како и про-југословенската елита со носталгија кон Тито, не дозволуваат Бугарија да биде најблиску до Македонија и двете земји да имаат односи како Германија и Австрија, Грција и Кипар, Романија и Молдавија.

