| |

СДСМ: Единствени резултати од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ се криминалните тендери, градската администрација работи во интерес на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за состојбата во Град Скопје, бидејќи наместените тендери за остварување криминални интереси, уништеното зеленило, лажниот барок и еден од најзагадените градови во Европа се единствените резултати од владеењето на таа партија со Град Скопје, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.

Ниту едно празно обвинување на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги сокрие овие поразителни факти ниту пак ќе ги засени придобивките од одговорното работење на градската администрација предводена од СДСМ и градоначалникот Шилегов.

Залудни се лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ. Времето кога локалната и централната власт работеa за партиски интереси и лично богатење, а потребите на граѓаните беа игнорирани, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Градската аминистрација предводена од СДСМ и градоначалникот Шилегов работат одговорно, домаќински и отчетно, а одлуките што се носат се единствено во интерес на граѓаните на Град Скопје, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.



Слични Објави