СВЕДОШТВО НА ПАЦИЕНТ: ЧЕКАМЕ СО СААТИ ЗА ПРЕГЛЕД, А СЕ ЛЕЧИМЕ ПРЕКУ ТЕЛЕФОН
Над 200 потешки пациенти дневно прегледуваат докторите во ковид центарот во ГОБ „8-ми септември“.
И утрово граѓаните во редици чекаат да стигнат до доктор за прегледи и земање брисеви.
Во редицата за преглед на инфективното оделение чекаа и граѓани кои беа позитивни на Ковид-19.
„Веќе четри часа чекаме ред за преглед, јас и мојата сопруга сме Ковид позитивни“, вели еден револтиран граѓанин кој чекаше пред инфективното одделение да биде повикан за преглед.
„Првите симптоми на вирусот се појавија кај мојата сопруга, веднаш се јавивме кај нашиот матичен лекар за да закажеме тестирање, но бевме информирани дека првиот слободен термин е за дваесет дена. Морав да најдам некој познат човек за да ми најде побрз термин за тестирање. Иако побравме цела фамилија да се тестира, брис и беше земен само на мојата сопруга, а целата фамилија по автоматизам беше ставена во изолација. За кратко време почнав и јас да ги чуствувам првите симптоми“, вели нашиот соговорник.
(Целиот напис прочитајте го на Локално)

