| |

СПАСОВСКИ: НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРА КОЈ ЧИЈ РОДНИНА ИЛИ ПРИЈАТЕЛ Е, АКО Е ВМЕШАН ВО КРАЖБА НА ДРОГА ЌЕ ОДГОВАРА

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во Студио 10 на телевизија 24 објасни дека од марихуаната од Јосифово, која беше украдена од погон за легално производство, полицијата запленила 300 килограми, но дека постојат траги каде е остатокот, односно дека е можно да заминал преку граница.

„Имаме информации кои упатуваат каде е остатокот од марихуаната. Имаме уапсено неколку лица и имаме шест кривични пријави. Кој сака нека биде вмешан, но во оваа држава еднаш засекогаш мора да се стави крај на врските. Така ќе биде додека сум јас таму и затоа не ми е важно кој чиј роднина е, кој чиј пријател е, ако некој прекршил закон задолжително мора да излезе пред лицето на правдата. Затоа во случајот со марихуаната во Крушево проверуваме дали е некој вмешан од функционерите или институциите:“- потврди Спасовски.

Слични Објави