ГУЖВИТЕ ПРЕД БАНКИТЕ ПРОДОЛЖИЈА И ДЕНЕСКА, ПО ИСПЛАТАТА НА ДРЖАВНАТА ПОМОШ

Новата одлука на Владата државната помош од 6.000 денари за околу 300.000 корисници да се префрла на трансакциските сметки и да се користи во готовина предизвика метеж пред банките и денеска.

loading...

Граѓаните кои ги исполнуваат условите и се најдоа на списокот за финасиска помош од 6.000 денари веќе имаат пари на сметка и можат да ги трошат преку картичка но и да ги повлекуваат како готовина. Државата исплатила 24,5 милиони евракон банките преку кои се доделува помошта. Она што се смени е што сега парите нема да треба да се трошат само со дебитна картичка на македонски производи туку ќе може да се подигнуваат и како готовина и да се трошат по избор на примателот.

Станува збор за околу 283.000 приматели, а по 6.000 денари на сметка добиваат граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници. 

Во меѓувреме приговорите кои стигнуваа до Генералниот секретаријат на Владата активно се разгледуваат. За граѓаните чии приговори се прифатени, нивните податоците ќе бидат ажурирани и објавени на веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk

loading...