| |

НОВИТЕ ЛИЧНИ КАРТИ ДВОЈАЗИЧНИ И СО НОВОТО УСТАВНО ИМЕ

Владата ќе испрати до пратениците текстови на законски измени со кои ќе се утврди обврската на личните карти, возачките и сообраќајните дозволи, патните исправи и други документи да се печати новото уставно име на држвата.

Владата ги утврди текстовите на Предлог-законот за изменување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта и на Предлог-законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, заради усогласување со законските решенија во Законот за употреба на јазиците, како и од аспект на рокот на замена на постојните патни исправи кои го содржат натписот ,’Република Македонија’ со патни исправи со новото уставно име на државата, запазувајќи го рокот наведен во членот 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија.

Предлог-законот за изменување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта, како и Предлог-законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, ќе бидат доставени на усвојување во Собранието на Република Северна Македонија во редовна постапка“, стои во соопштението на Владата.

Слични Објави