„МОЈ ТЕРМИН“ ЌЕ УТВРДИ, А МАТИЧНИОТ ЌЕ ВЕ ПРАША ДАЛИ САКАТЕ ДА ПРИМИТЕ ВАКЦИНА
Системот „Мој тремин“ ќе одреди кој прв ќе се вакцинира, а имунизацијата ќе се спроведе во неколку фази.
Откако системот на „Мој термин“ ќе одреди кои граѓани први ќе примат вакцината, потоа секој матичен лекар добива листа на граѓани кои треба да ги извести дека системот ги избрал како приоритетни за вакцината, а потоа самиот граѓанин одлучува дали ќе прими вакцина. Доколку да, се закажува термин и локација за вакцинација, доколку не сите податоци се враќаат во системот.
По примањето на вакцината секој добива сертификат дека се вакцинирал.

