| |

ЗАЕВ ДАЛ РОК ДО ЧЕТВРТОК ДА СЕ ИСПОРАЧААТ РЕЗУЛТАТИ ЗА МИЈАЛКОВ, ВО СПРОТИВНО СЛЕДУВА ОДГОВОРНОСТ

Водечките претставници на надлежните институции сабајле одржале средба со премиерот Зоран Заев поврзана со бегството на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, кој стана недостапен за институциите неколку дека пред да му биде изречена првостепената пресуда во предметот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“.

Како што неофицијално дознава Фокус, на средбата Заев побарал сите страни, секоја според своите овластувања, да преземат максимални и ефикасни мерки за лоцирање и обезбедување на Мијалков, за кого присутните изразиле верување дека се уште е во земјава.

Доколку не бидат испорачани конкретни резултати до четврток, велат нашите соговорници, премиерот најавил дека ќе испорача одговорност онаму каде има таква можност, односно во извршната власт, но воедно ќе повика на одговорност и во правосудната власт, без притоа, како што велат изворите, да стравува дека тоа ќе се интерпретира како мешање во друга независна власт.

Целиот напис прочитајте го овде.

Слични Објави