| |

ОД САБОТА ВЛАЖЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА СО ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И СНЕГ

Под влијание на влажен бран, од сабота до понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег, информира УХМР.

Повремено врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.

Пообилни врнежи ќе има в недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник. На планините ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, кој в недела во текот на денот ќе го промени правецот во северен.

Слични Објави