КОМИТЕТОТ НА МИНИСТРИ НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ЈА УСВОИ ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА ЕДНАКВИ ПЛАТИ И МОЖНОСТИ ЗА ЖЕНИ И МАЖИ
Комитетот на министри на Совет на Европа ја усвои декларацијата за еднакви плати и можности за жени и мажи.
„Шеесет години по усвојувањето на Европската социјална повелба – Социјалниот устав на Европа – со кој се прогласи правото на мажите и жените работници на еднаква плата за работа со еднаква вредност, затворањето на јазот во платите е цел што не може да се одложи“, изјави Карин Лукас, претседател на Европскиот комитет за социјални права.
Комитетот на министри на Советот на Европа ги посочува следниве ресурси со цел земјите членки на Советот на Европа да се справат со нееднаквостите во платите и можностите во вработувањето:
· признавање на правото на еднаква плата меѓу жените и мажите за работа со еднаква вредност во законот;
· обезбедување пристап до ефективни правни лекови за жртвите на дискриминација и исплата на надомест;
· промовирање транспарентност на платите, меѓу другото, преку релевантни статистички податоци овозможувајќи споредби на платите;
· поддржување ефикасни тела за еднаквост и релевантни институции со цел да се обезбеди еднаква плата во пракса;
· усвојување, кога е соодветно, сеопфатна стратегија за унапредување на правата на еднаква плата за работа со еднаква вредност и родова еднаквост при вработувањето, вклучително и конкретни одредници и детален временски рок, особено преку дизајнирање ефективни политики и мерки и собирање сигурни и стандардизирани податоци поделени по пол.
Европскиот комитет за социјални права ги нагласи овие елементи во своите одлуки, заклучоци и изјави за толкување и утврди дека постојат случаи на неусогласеност со овие барања на разни основи, но и дека се бележи напредок.
Во 2020 година Европскиот комитет за социјални права јавно објави петнаесет одлуки за усогласеност на државата со правото на еднаква плата и еднакви можности на работното место во земјите што ја прифатија постапката за колективни жалби и разви критериуми кои може да им помогнат на земјите членки во нивните напори да се адресира нееднаквоста откриена со јазот во платите и со пропустите во еднаквите можности за жените во вработување.
Македонија како членка на Советот на Европа преку свој претставник од Министерството за труд и социјална политика во Комисијата за родова еднаквост учествува во изработката на иницијативите, изработка и промовирањето на сите значајни конвенции, декларации и резолуции од областа на родовата еднаквост и еднаквите можности.