| |

Бугарија не попушта за Северна Македонија, ЕУ не сака одвојување од Албанија

Министрите за европски работи на ЕУ до предмалку дебатираа за усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија, според дипломатски извори од ЕУ, Бугарија одбила да попушти, јавува дописничката на МИА од Брисел, пренесува zoom.mk.

Бугарскиот претставник порачал дека „ЕУ не ја разбира длабочината на проблемот“ помеѓу Скопје и Софија, дека овој спор е европско прашање, и дека притоа Бугарија се наоѓа во „специфична ситуација“ поради претстојните избори во јули.

Сепак, Бугарија не може да даде никаква гаранција ни дека со политичка влада ќе го деблокира ветото, коментираат европските дипломати.

За огромното мнозинство земји членки е јасно дека одвојување од Албанија не смее да има, и дипломатите присутни на состанокот оценуваат дека е речиси невозможно ова сценарио да се оствари, „освен ако нешто се промени до крајот на денот“.



Слични Објави