|

Меркел бара и другите земји да воведат карантин за Британија поради делта сојот

Меркел бара и другите земји да воведат карантин за Британија поради делта сојот
Берлин, 23 јуни 2021 (МИА) – Германската канцеларка Ангела Меркел денеска побара и другите европски земји да бараат карантин за патници од земји со високо ниво на делта сојот на коронавирус, како што е Велика Британија.

– Во нашата држава, ако доаѓате од Велика Британија, мора да одите во карантин – и тоа не е случај во секоја европска земја, што би сакала да биде, истакна Меркел во Долниот дом на германскиот Парламент.

Германскиот институт за економски истражувања Ифо во неделата предупреди дека делта мутацијата може да предизвика сериозна штета на економијата поради повторниот раст на бројот на новоинфицирани. Целиот напис можете да го видите овде.

Извор: Zoom. mk

Слични Објави