|

Заев: Регионалната соработка е основен фактор за поврзување и економски прогрес

Премиерот Зоран Заев денес учествуваше на Самитот на земјите од Западен Балкан. Самитот го отвори германската канцеларка Ангела Меркел која во своето обраќање се заблагодари на целиот регион, на политичките лидери, како и на сите меѓународни институции, Европската Комисија и земјите членки на ЕУ кои го потпомагаа овој процес во изминатите седум години, пренесува zoom.mk.

Покрај премиерот Заев на Самитот говореа и премиерите од земјите членки на Западен Балкан, премиерите на Грција, Хрватска, Словенија, Италија, Бугарија како и францускиот претседател Емануел Макрон и австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Самитот продолжува со својата работа и во текот на ова попладне по што се очекува да бидат прифатени заклучоците од оваа сесија, што ќе бидат споделени со јавноста. Во продолжение ви го пренесуваме интегрално обраќањето на премиерот Заев:

„Ние, лидерите на земјите од Западен Балкан, досега имавме седум Самити на Берлинскиот процес и сите тие ја докажаа и продлабочија нашата посветеност на регионалната соработка. Во изминатите неколку недели се одржаа неколку министерски и технички состаноци на тема Берлински процес, преку кои ги зајакнавме нашите напори за да направиме дополнителен реален напредок во реформските процеси и регионалната економска соработка. Во суштина, сите тие настани ги поставуваат темелите за одржлив раст.

За сите нас е несомнено јасно дека само со интегриран и поврзан регион може да се движиме постојано кон нашата основна цел – членство во ЕУ.

Имајќи го тоа предвид, од неодамна влеговме во нова фаза на нашата соработка. Имено како регион преземавме на наш товар многу иницијативи и процеси, но исто така испорачавме и резултати.

Од друга страна, ние, лидерите на земјите од регионот, истакнавме дека проширувањето на ЕУ претставува стратешка цел за земјите од Западен Балкан. Без сомнение, целосната интеграција на Западен Балкан во Европското семејство треба да биде природен исход на реформскиот пат на регионот и столб за долгорочен мир и стабилност. Се согласивме дека регионалната соработка е основен фактор, а не замена за Западен Балкан на нивниот пат кон членството во ЕУ.

Целиот напис прочитајте го овде.

Слични Објави