ВМРО-ДПМНЕ на средба со ДУИ, Алијанса на Албанците – Алтернатива и Левица за Резолуцијата
Покрај прифаќањето на резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ од СДСМ, пратениците од опозицијата продолжуваат со средбите во Собранието.
Денеска претставници на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе остварат средба со пратеници од политичките партии Алијанса на Албанците – Алтернатива, ДУИ и Левица, на која ќе се разговара за потребата со широк консензус да се усвои резолуцијата за македонските државни позиции во однос на евроинтеграциите и позициите на Бугарија.
Од ВМРО-ДПМНЕ на средбите ќе бидат присутни координаторот на групата Никола Мицевски и пратеникот Антонио Милошоски, а соговорници ќе им бидат колегите Халил Снопче, Арбр Адеми и Димитар Апасиев.

