Две лица не го поминале ветингот во МНР, ќе им биде раскинат работниот договор

/

Првичните резултати од почетокот на ветингот на дипломатите во МНР покажува дека на две лица ќе им биде раскинат работниот договор затоа што немаат безбедносен сертификат од безбедносните служби, информира денеска министерот за надворешни работи  Бујар Османи.

-На едно лице при проверка на безбедносниот статус одбиено му е барањето за безбедносен сертификат и не го поминал првиот филтер. За причините за одбивањето не добив образложение, а започната е и процедура за прекинување на работниот однос. Друго лице користело несоодветен сертификат. И тој не го поминува првичниот ветинг и за него следува прекин за работниот однос. Со тоа може да се заклучи дека две лица не го поминаа ветингот, рече Османи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во седиштето на неговата матична партија ДУИ во Скопје.

Тој посочи дека тоа не е групата на дипломати за кои Ерменија издаде меѓународна потерница преку Интерпол.

Во рамките на темелите проверки, додаде тој, констатирано е и дека шест лица пропуштиле навремено да побараат обнова на своите безбедносни сертификати. По укажувањата дека може да се работи за технички превид, на овие лица, вели, им е даден рок од седум дена да ја исправат оваа грешка и да побараат соодветна сертификација.



-По изминување на рокот поединечно ќе се разгледува статусот на првичниот ветинг за секој од нив и соодветно наодите ќе се одлучува укинување на ограничувањето и нивно целосно враќање на работните обврски  или започнување на процес за прекинување на работниот однос во зависност од тоа како тоа ќе се одвива, рече шефот на дипломатијата Османи.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

СДСМ: Мицкоски повторно пред избори оди кај Никола Груевски, неговиот шеф и главен финансиер, по пари и совети

Следна статија

Целосната надлежност врз Ковид болницата во Тетово била на Општината и директорите

Најново од Вести