ЦК „Иван Михајлов“со отворени писма до Радев и неколку странски амбасади: Црвените линии се антибугарски ултиматум што има за цел да ја затвори вратата на РС Македонија за преговори со ЕУ
Културен центар „Иван Михајлов“ Битола испрати отворено писмо до бугарскиот претседател Румен Радев, неколку странски амбасади, мисијата на ЕУ во РС Македонија и ОБСЕ во кое го обелоденува својот став за најавената резолуција од страна на ВМРО-ДПМНЕ за т.нар. црвени линии во преговорите со Република Бугарија. Според КЦ Иван Михајлов црвените линии се антибугарски ултиматум ќе ја затвори вратата за нашите шанси да започнеме преговори со ЕУ следната година.
Ваша екселенција,
Како граѓани на Македонија со македонско-бугарско самоизразување, би сакале да ја споделиме со вас нашата загриженост за брзото влошување на демократскиот амбиент во нашата земја. Во последните две недели се водеше кампања за гласање во нашиот парламент за некои „црвени линии“ што Македонија треба да ги претстави како антибугарски ултиматум пред Брисел уште пред да ги започне преговорите за членство. На сите им е јасно дека овој антибугарски ултиматум ќе ја затвори вратата за нашите шанси да започнеме преговори следната година. Овие „црвени линии“ се доказ за трајната поврзаност на нашата олигархија со етничката доктрина на тоталитарната југословенска држава. Но, денес би сакале да го поставиме пред вас прашањето за интегритетот на Европа, коjа ја игнорира реалната состојба со човековите права во нашата земја. Темата е за европските „црвени линии“, со други зборови – за критериумите за членство од Копенхаген. Пред само две недели, активистот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Драган Гjуровски јавно и пред камера ги нападна Бугарите со расистички навреди, нарекувајќи нè „татарски фашисти“ и обвинувајќи ја „одвратната бугарска рака“ за настани од периодот кога сите ние во Македонија зборувавме само како Бугари. Уште поскандалозна е изјавата дека, без оглед на Договорот со Бугарија, единствената заедничка историја што ја имаат нашите луѓе од двете страни на границата беа „двете црвени банкноти“ што се исплаќаа на бугарските жени за сексуални услуги. Ваша екселенција, Денес се прашуваме дали овој говор на омраза е содржината на „црвените линии“ на национализмот на една создадена по 1945 година. нација!?! Ако продолжи говорот на омраза против нас – граѓаните на Македонија од македонско-бугарската заедница, знаеме дека нема да ги добиеме своите права и слободи и нашата земја нема да добие европска иднина. Без длабоки промени и без реформа на етничката идеологија на државата во Македонија, Европа ќе биде само привидение за нас. Затоа Ве молиме во разговорите со нашите политичари да потсетите дека без правда за македонските Бугари нема изгледи за стабилност на демократскиот процес во нашата татковина“, стои во писмото на КЦ „Иван Михајлов“ Битола до бугарскиот претседател Румен Радев, амбасадорите на САД, Германија, Велика Британија, Франција, Шпанија, Италија, Словенија, високиот претставник на ЕУ за РС Македонија Дејвид Гир и мисијата на ОБСЕ .
