|

Барокните фасади и „Скопје 2014“ ја дефокусираа расправата за Ребалансот на Буџетот

Ребалансот, наместо да биде централна тема, стана причина за нови препукувања кои се сведоа на барокните фасади, проектот „Скопје 2014“, еврообврзницата, Рашковски, криминалот и корупцијата, на тоа што направи оваа Влада, а што таа пред неа, кој води добри, а кој лоши политики, кој сечел ленти по три пати, кој давал лажни ветувања и колку е партизирана администрацијата.

– СДСМ продолжува со веселата математика за да докаже дека економската ситуација не е катастрофална, а 600.000 граѓани живеат во сиромаштија, се најавуваат нови бранови на отпуштања во текстилниот сектор, 6.200 компании ставиле клуч на врата, поскапувањето на горивото и струјата предизвикува рапиден пад на стандардот и јавниот долг прпват е двојно поголем од вкупните приходи, рече во почетокот на расправата Зоранчо Јованчов од ВМРО-ДПМНЕ, пренсува zoom.mk.

На тоа реплицираше Панчо Минов, појаснувајќи дека капиталните расходи се зголемени и редизјанирани на сметка на бизнисот, за да им се помогне на компаниите и да им се овозможи да инвестираат.

– Компаниите едвај го чекаат донесувањето на ребалансот за да ги оставарат своите права, рече Минов.

Лидија Петкоска од ВМРО-ДПМНЕ го повтори партискиот став дека ребалансот е неразвоен и неконзистентен.

Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави