МНР на Бугарија: Ние немаме никаква врска со „нонпејперот“ за решавање на спорот меѓу Софија и Скопие и не можеме да го коментираме
Бугарија на ников начин нема учество во подготовка на нонпејпер за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје, соопштува бугарското МНР во специјална изјава за бугарската информативна агенција БГНЕС. Изјавата доаѓа по повод веста дека разговара за некаков нонпејпер, како што соопшти телевизијата Клан.
„МНР не е информирано по официјален пат за таков документ, ниту учествувало во неговата подготовка, поради таа причина не можеме да ја коментираме неговата вистинитост и содржина“, се вели во соопштението на бугарското МНР до БГНЕС.
Веднаш откако се појави таа „информација“ во РС Македонија се појави нов бран антибугарски текстови, а некои од нив беа со вулгарен вокабулар.
