| |

Бугарска национална платформа бара комисија која ќе ги истражи сите уништени бугарски споменици на територијата на РС Македонија

Бугарската невладина организација „Бугарска национална платформа“ упати предлог до бугарскиот премиер Стефан Јанев и министерот за надворешни работи на Р. Бугарија Светлан Стоев , да се создаде мешовита комисија со претставници на Министерството за надворешни работи на Бугарија, Државната агенција за Бугарите во странство и претставници на научниот и граѓанскиот сектор која да ги пронајде, документира и регистрира сите целосно или делумно уништени бугарски споменици на територијата на РС Македонија.

Во писмото на доцент д-р Спас Ташев претседател на Бугарска национална платформа стои дека добиената информација од мешовитата комисија треба да биде испратена до евроатланските партнери на Р. Бугарија а потоа да се преземат чекори уништените бугарски културно историски споменици да бидат возобновени. Повод за давањето на овој предлог е барањето од страна на истата таа невладина организација за меѓународна комисија која да ги истражи сите случаи поврзани со кршење на човековите права и уништувањето на бугарското историско културно наследство.

Од невладината организација наведуваат дека Бугарија ја има поддршката од страна на различни делови од општеството во РС Македонија, посочувајќи го како пример барањето на претседателот на Граѓанско Демократската Унија Петар Колев до Зоран Заев, Оливер Спасовски и Љубомир Јовески, извршителите на вандалскиот чин со промената на споменикот во село Клепач да бидат исправени пред лицето на правдата.

Слични Објави