| | |

Колев: Гоце Делчев бил писмен човек кој оставил доволно пишани документи за тоа каков е, кои сме ние денеска да решаваме за тоа каков бил

„Јас не сум сретнал македонски политичар кој бил претставен не со идеолошката платформа, туку со етничката припадност. Мислам дека политиката не треба да е натпревар на етносите, туку натпревар на идеите. ГДУ е обединета во идејата за еднаквост на граѓаните пред Уставот и законите. Не знам зошто некој си мисли дека нашето општество ќе оди напред ако робуваме, дека може да имаме граѓани од втор ред, не битно кои. Треба да сфатиме дека ако навистина веруваме дека ЕУ не е само фонд, дека ЕУ е вредности кои ќе ја хармонизираат потребата од кохезија и ќе ги мотивираат младите луѓе да ги скинат прангите од стравовите, нема ништо пологично да се обединиме околу тој момент“, изјави Петар Колев – лидер на партијата ГДУ во последното издание на Трилинг.

Што уште кажа Колев погледнете во видеото што следи.

Слични Објави