|

Украински МВР: 25.000 парчиња автоматско оружје поделени на граѓаните на Киев

Со цел да се спречи очекуваниот голем руски напад врз украинскиот главен град Киев, локалните власти соопштија на жителите на главниот град им е поделено многу оружје.

Поделени се вкупно 25.000 парчиња автоматско оружје, како и 10 милиони парчиња муниција, соопшти министерот за внатрешни работи Денис Монастирски во видео објавено на социјалните мрежи.

Поделено е о противтенковско оружје, додаде тој.

– Киев сам ќе се брани, рече Монастирски.

Тој нагласи дека е горд кога видел луѓе како ги бранат своите градови, села, улици и куќи.

– Сами се организираат, нема ни грабежи, ни немири, рече Монастирски.

Извор: Zoom. mk



Слични Објави