ЈОВАН ДОНЕВ: ЗАЕВ ВЕЌЕ ПОПУШТИ ПРЕД ГРЦИТЕ СО ИЛИНДЕНСКА МАКЕДОНИЈА
Илинденска Македонија беше мамка за опозицијата изјави поранешниот амбасадор Јован Донев во емисијата „Ѕид“ на тв Алфа. Според Донев, Заев е готов на секаков компромис и сега Грците се тие што чекаат Заев да им се јави и да им каже кои име од предлозите на Нимиц, ќе биде ставено во идниот договор меѓу Македонија и Грција. Според Донев самиот факт што Заев го прифатил пакетот со предлог „Илинденска Македонија“ значи попуштање пред Грците.
