| |

Нешков: Во моментот сме сведоци на европското демаскирање на македонизмот

„Во моментов сме сведоци на европското демаскирање на македонизмот – овој странски геополитички проект кој ги труе душите на луѓето во Македонија и создава нестабилност во регионот. Ова за Бугарското национално радио го изјави новинарот и основач на новинската агенција БГНЕС Љубчо Нешков.

Европа сега разбира колку Бугарија, бугарските политичари и бугарските граѓани биле толерантни и трпеливи, смета новинарот.

„Присуствуваме на институционално организирани демонстрации против Бугарија. Сведоци сме на одбраната на овој странски геополитички руско-српски проект од страна на државните институции кои ја контролираат земјата од 1945 година. Ова е целта на овие луѓе – да го заштитат стариот режим. старата идеологија.“ истакна Љубчо Нешков.

„Ако ја прифатиме тезата дека се работи за бугаризација, ова е француски проект, европски предлог. Каква бугаризација? Нели Бугарија беше изолирана, нели беше под притисок, погрешно разбрана? Па, што излегува сега? Излегува дека ЕУ им вели – момци, фатете се за раце, изберете ја иднината наместо многу, многу темното минато“.

Во врска со изјавите на претседателот на РСМ, Стево Пендаровски, дека на протестите имало елементи од соседните земји за да предизвикаат инциденти и насилство, Нешков посочи дека бидејќи има скандирања „Фашисти, окупатори, бугарска асимилација, албанска полиција “, провокаторите не се од Бугарија и Албанија.

Бугарија со протестна нота ќе реагира на говорот на омраза од демонстрациите во Скопје
Организатори и говорници на протестите се две проруски и просрпски политички формации, забележува Нешков.

За протестите во Скопје се носат луѓе со автобуси и им се делат плакати, појасни тој.

„Овие луѓе го донесоа потпалувачот на бугарскиот културен центар во Битола. Ова не е срцето и душата на Македонија. Душата и срцето на Македонија продолжуваат да се борат за вистината“, коментира Љубчо Нешков во програмата „ Сабота 150“. Според него, приближувањето меѓу Бугарија и Северна Македонија е неизбежно, бидејќи ако Скопје сака европска иднина, „ова е патот по кој треба да оди “.

„Верувам дека Македонија во 5 до 12, можеби и една минута, една секунда до 12, ќе го направи овој пресврт кон слободата и кон градењето на вистинската независна држава. Затоа што оваа земја продолжува да биде заложник на странските геополитички интереси.

Според неговите зборови, во РСМ не знаат зошто во Бугарија има единство во однос на францускиот предлог и „живеат во свет кој е свртен кон минатото за да ја зачуваат сегашната состојба“.

„Се надевам дека следната недела нема да бидеме сведоци на погромот од 27 април 2017 година, кога толпата упадна во парламентот и претепа стотина луѓе, меѓу кои и идниот премиер на земјата“, додаде новинарот.

(Целиот разговор со Љубчо Нешков слушнете го овде.)



Слични Објави