|

AERO Street Food Festival: Уникатно гастрономско и музичко доживување во срцето на Аеродром

Во периодот од 5 до 8 септември, паркот „Авионче“ ќе биде центар на урбаната култура и забавата со одржувањето на првиот AERO Street Food Festival – фестивал на улична храна во Општина Аеродром. Настанот ќе понуди незаборавно гастрономско и музичко искуство за сите генерации.

Фестивалот ќе обедини 12 познати брендови за храна – Jojo’s BBQ, Oljo’s, Fat Kitchen, Sorelle Focaccia, Lora’s Sushi, Bistro 64, 15 за 12, Milkey, Destan, Smash Burger, La Pizza и Ноа Гирадико – со богата понуда поделена во четири различни кујни: американска, европска, регионална и ориентална. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во специјалитети од уличната гастрономија, но и во автентични традиционални јадења, надополнети со широк избор на пијалoци.

Секоја вечер од 17:30 до 00:30 часот ќе следи музичка програма со настапи на врвни изведувачи, меѓу кои: Рингтонс, Southpark, Breakdown band, Goce SAF, DJ Aleksandar Jordanov, DJ Marko, DJ Micov, DJ Shime, DJ Mono, DJ Foodieman, DJ Guardian и DJ Fico.

Програмата ќе биде збогатена и со интерактивни активности за публиката – натпревари во брзо јадење, квизови, трки и други забавни предизвици со награди, со што фестивалот ќе стане особено привлечен и за младите и за семејствата.

„Првиот фестивал на улична храна во нашата општина е одлична можност да се афирмира урбаната култура и заедништвото преку храната, музиката и позитивната енергија. Убеден сум дека паркот „Авионче“ во септември ќе биде новото омилено место на жителите и посетителите на Аеродром“, изјави в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.

Фестивалот се реализира со поддршка од Општина Аеродром, а влезот за сите посетители е бесплатен.

Слични Објави