| |

Агатангел нема да го предводи протестот за одбрана на името

Владиката Агатангел нема да го предводи вечерашниот протест за одбрана на државата и идентитетот на нацијата, јавува Макфакс. Иако шесте патриотски здруженија најавија дека на чело на протестниот марш ќе застане тој, повардарскиот митрополит Агатангел вели дека ќе биде учесник, но не и предводник.  МПЦ преку владиката Тимотеј излезе со став дека не е работа на црквата да се занимава со спорот за името.

„Наше е да шириме мир, љубов и разбирање меѓу луѓето, а не да работиме на нивно разидување“, рече владиката Тимотеј.

Протестот ќе започне во 18 часот пред ЕУ инфо-центарот, од каде што демонстрантите ќе се упатат кон Собранието. Тие имаат барање да се стави крај на преговорите за името со Грција, повлекување на законот за јазиците, поништување на договорот со Бугарија, како и ослободување на притоврените за настаните во Собранието на 27 април.

Слични Објави