Ако не може да се докаже потеклото, ќе се конфискува имот над 30.000 евра

/

Законот за потекло на имот е нешто што првпат би требало да се донесе во нашата држава вели министерот Николовски и ќе придонесе за отворање на патот кон одземање на нелегално стекнат имот. Законот се однесува на сите граѓани кои нема да можат да го докажат потеклото на имот во вредност над 30 000 евра стекнат предходната година и истиот ќе биде конфискуван.

Неодмана во емисијата 10 Минути на ТВ21, најави дека до крајот на август ќе и биде достапен на увид на јавноста како нацрт предлог закон. Со реакција се јавија од ВМРО-ДПМНЕ, од каде велат дека овој закон е лицемерие на власта.

Од опозициската партија велат дека функционерите на СДСМ неколкукратно го зголемија својот имот во изминативе 4 години, и тоа за многу повеќе од 30.000 евра. За голем број од нив Јавното обвинителство иако има докази во изобилство не отвора истрага. Со Заев ништо нема да се смени ниту со таканаречениот закон за потекло на имот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



„По одржаните средби на работната група со претседателот на Владата, овој драфт закон кој што овој месец ќе биде во таква верзија како нацрт по последните разговори со министерот на правда ќе биде испратен до Венецијанската комсија и во очекување и мислењето во тој поглед“, посочи Љупчо Николовски.

Претходна статија

Ќе се брише бугарски, останува само фашисти – Заев вели го исполнува договорот, Бугарија не мисли така

Следна статија

Врховниот суд го одби барањето на Рашковски за домашен притвор

Најново од Вести