| |

АЛБИН КУРТИ НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД „ГОЛЕМА АЛБАНИЈА“

Албин Курти, кандидатот за премиер на Движењето „Самоопределување’ кое победи на парлементарните избори викендов, ја повтори својата заложба за национално единство на Албанците во рамките на федерацијата, а не во рамките на ЕУ.

„Национално единство на Албанците не може да се случи во рамките на Европската унија“, рече Курти во интервјуто за КТВ, прво по прогласувањето на изборната победа.

Тој смета дека националното обединување е „историски интерес на Албанците“, и го цитираше починатиот поранешен лидер на партијата на Албанците во Македонија ДПА, Арбен Џафери: „Ние не избираме (албанска) унија, туку таа нè одбира нас“.

„Косово и Албанија треба да се приближат, интегрираат во идејата за федерација, како Германија, со децентрализирани институции“, оцени Курти. Тој претходно изјави дека нема да брза со продолжувањето на разговорите меѓу Белград и Приштина.



Слични Објави